Месечината и јас

Се руши ноќ темно зелена вселена море и на неа
Месечината како бродче е добро укотвена но бранот ја влече за едра.
И тоа – ако е така;
Месечината патува лесно кон мене се движи ѕвезда што од ѕвезда убаво се огледува во млечен снег и вжештена пара
и тоа е сон што ме врти во сонот
вжештена пара и млечен снег во сонот
со кој сонувам дека јас кон месечината паѓам
и се будам.

Advertisements

Напишете коментар

Filed under Uncategorized